Новиот Џејмс Бонд ќе се снима во Србија

Најновиот филм за Џејмс Бонд ќе биде сниман и во Србија. Екипата на чело со Даниел Крег ќе сними неколку сцени на српски локации.

Филмот исто така ќе се снима и во Србија, а поголемиот дел од приказната ќе се случува во Рим. Се претпоставува дека тоа ќе бидат почетните сцени од филмот. Филмската екипа таму ќе се смести во февруари 2015 година, а ова е прв пат некој филм за Бонд да се снима во главниот град на Италија.

Една од негативните улоги ќе ги толкува Кристофер Волц кој се прослави по улогата во филмот „Џанго“ на Тарантино.

Инаку снимањето веќе започна и тоа во Австрија. Како режисер повторно се потпишува Сем Мендес, а Бонд девојка е Леа Сејду.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 11:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега