Тројно убиство во пробиштипско
Три лица се убиени утринава во Злетово, пробиштипско, дознава Курир.
Според информациите до кои дојде Курир маж со огнено оружје застрелал двајца повозрасни мажи и една жена.
Од полицијата за Курир го потврдуваат тројното убиство, но не откриваат повеќе детали бидејќи увидот е во тек. Интензивно се трага и по убиецот за кој полицијата има сознанија.
Идентитетот на жртвите и мотивот за тројното убиство засега не се познати.
Оцени ја веста
25.11.2014 - 09:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа