Лоша вест за сите што имаат бугарски пасош

Европската комисија (ЕК) најверојатно ќе ја оддели Бугарија од Романија во Механизмот за соработка и оценка, потврди вицепремиерот за координација на европските политики Меглена Кунева. Таа изјави дека очекува многу тежок мониторинг извештај за Бугарија, а споредбата меѓу двете земји ќе биде во корист на Романија.

“Ќе има разлика во двата извештаи и нема да е во наша полза. Бугарија нема да забележи значителен напредок во споредба со минатиот извештај”, коментира Кунева пред состанокот на Советот за европски прашања кон Министерскиот совет, цитирана од “Фокус”.

Според Кунева, откако овој извештај ќе биде втор позитивен за Романија, од следната година во земјата најверојатно ќе почне постепено намалувањето на различните граници во Шенген.

Вицепремиерот истакна дека има три важни чекори кои Бугарија мора да ги преземе за да се подобрат оценките на Брисел – да се избере претседател на Врховниот суд, судски инспектор и да ги започне судските реформи. Таа посочи дека е потребно изработката на нов Кривичен законик.

Меглена Кунева очекува скандалот со тефтерот на Филип Златанов да влезе во престојниот извештај на ЕК.

“Најмалку е тоа дека не се почитува постапката за безбедност”, коментира таа. Забележа дека откако Бугарија е членка на Европската унија, кон земјата се формирани речиси 330 процедури за различни прекршоци, а 260 од нив веќе се затворени. Според неа, оваа година има двојно зголемување на започнатите постапки – новите се 47, а поголемиот дел се затоа што земјата престана да го осовременува своето законодавство.

Во почетокот на декември во Бугарија ќе пристигне мисија на ЕК за Механизмот, соопшти уште вицепремиерот, цитиран од владината прес служба. “Водиме разговори со амбасадорите, ќе се бориме секое достигнување да биде забележано, како и политичката волја”, истакна таа.

 

 

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 20:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега