Колку промили алкохол во крвта имал возачот на БМВ-то кое излета во Дунав?

На возачот на БМВ-то Душан Јовановиќ по несреќата во рок од еден час двапати му билa земена крв за анализа по барање на Јавниот обвинител.

Резултатите од анализата на крвта покажале дека 19-годишниот Душан во моментот на несреќата имал над еден промил алкохол во крвта и дека не бил по дејство на наркотици.

Оттаму потсетуваат дека алкотестот кој му беше направен на Душан во Ургентниот центар веднаш по несреќата, покажал 0.85 промили во крвта на 19-годишното момче.

Во сообраќајната несреќа животите ги загубија 18-годишниот Немања Антиќ,  20-годишниот Милош Јанковиќ и 16-годишната Анастасија Стајиќ.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега