Две лица тешко повредени - тешка сообраќајка пред Росоман
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Градско - Прилеп кај Дреновската клисура, информираат од Секторот за внатрешни работи во Велес.
- „Цитроен берлинго” управуван од В.К., роден 1968 година од сеуште неразјаснети причини удрил во товарно моторно возило „Ивеко”, а потоа излетал од патот. Притоа возачот и неговата сопруга Р.К. биле тешко повредени и се пренесени во кавадаречката Општа болница, изјави портпаролот на СВР Велес, Ненко Александров