Најскапата карта за Евровизија 300 евра

 

Продажбата на билетите за спектаклот наречен Евровизија би требало да почне кон средината на следниот месец, а ако некој веќе купил влезници тогаш кај себе има фалсификати, рекол директорот на австриската државна телевизија.

Картите за Евровизија, која ќе се одржи следната година во мај во Виена, ќе чинат од 30 евра па нагоре, соопштил генералниот директор на австриската државна телевизија ОРФ Александар Врабец, подвлекувајѓи дека нема да има бесплатни карти за никого! 

Продажбата на билетите, како што најавил, ќе почне следниот месец, а ќе бидат пуштени околу 100.000 официјални билети, за вкупно девет манифестации во рамки на Евровизија. 

Врабец изразил надеж дека поголем број луѓе ќе купат комплет билети, од кои еден дел ќе бидат наменети за фановите од странство, еден дел за официјалните фан клубови, а остатокот ќе ги има во слободна продажба.

Тој уште истакнал и дека нема да има бесплатни влезници, додавајќи „за никого„. ОРФ најавува дека ќе се потруди колу што може повеќе луѓе да уживаат во Евровзиија и дека цените ќе бидат слични со оние во Данска, каде најскапата ВИП категорија чинеше околу 300 евра.

 

 

Оцени ја веста

23.11.2014 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега