СДСМ нема да учествува на седницата за законот за абортус
Пратеникот на опозициската СДСМ информира дека пратеничката група на партијата нема да учествува на денешната седница на Собранието на која ќе се гласа за предлог законот за прекин на бременоста.
Според Спасовски, Социјалдемократскиот сојуз не сака да учествува во самоволието на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што рече, оваа партија се води од теснопартиски интереси.
-За предлог-законот за прекинување на бременоста не се води сметка за уставното начело и правото на избор. И овој закон се носи за да се задоволат теснопартиски интереси. Не сакаме да легитимираме ваква постапка, вели Спасовски.
ФОТО: kumanovonews.com