Полицијата влезе во гостиварско Чегране
Во синоќешната акција на гостиварската полиција за откривање на лица со нерегулиран престој и работење во земјава, во селото Чегране биле откриени една бугарска државјанка и пет албански, кои работеле како пејачки и танчерки.
Странските државјанки на возраст од 19 до 34 години биле затекнати во угостителскиот објект „Нота" сопственост на 46-годишниот А.Ш. По приведувањето е утврдено дека тие го злоупотребиле туристички престој, а нелегално работеле како пејачки и танчерки. Подоцна, тие се предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.
Заради основан сомнеж дека го прекршиле законот за странци, тие ќе се соочат парични глоби и со забрани за влез и престој во Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа