Продолжува исплатата на субвенциите за тутун

Министерството за финансии соопшти дека денеска на 3.504 кооперанти на Сокотаб- Битола и Алајанс Уан - Кавадарци ќе им бидат исплатени субвенциите за откупен тутун од реколтата 2013 година.

Министерството исплати 88,9 милиони денари за откупниот период од 27 февруари до 15 март оваа година, односно за време на претседателските и парламентарните избори, кога беше сопрена исплатата на субвенции поради одредбите од Изборниот законик.

Во соопштението од Министерството за финансии се наведува дека продолжува редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделието, како една од носечките гранки на македонското стопанство.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега