Новак и Јелена гледаат ТЛЗП - кој е нивниот фаворит?

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, е голем обожавател на емисијата „Твоето лице звучи познато“, а преку твит откри и кој е нејзиниот фаворит.

- „Браво Бане“, напишала таа на Твитер, што јасно покажува дека нему му ја дава својата поддршка.

Оваа поддршка стигнала и до победникот на шестата епизода.

Сопругата ми кажа дека го прочитала коментарот на Јелена. Мило ми е што ја следи емисијата и што оставам убав и позитивен впечаток. Новак го сретнав неколку пати на прославите на тенисерот. Не можам да кажам дека го познавам, вели Бане.

Извор: Вистина

18.11.2014 - 15:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега