Притвор за двајца скопјани: Претепале двајца полицајци
Полицјиата во Куманово поднесе кривична пријава против Н.А.(47) и С.Ј.(34), двајцата од Скопје, за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Тие завчера на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово физички нападнале полициски службеници при преземање службени дејствија за нарушен јавен ред и мир.
Од страна на судија во претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
18.11.2014 - 13:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа