Атина обвнета за "културен грабеж"

 

 

Австралија ја обвини грчката државна компанија за туризам за „културен грабеж“ откако беше утврдено дека за сопствена туристичка промоција искористила слика на еден од најпознатите австралиски пејзажи.

Но, на снимениот материјал како „грчки пејзаж“ се нашла и спектакуларната слика на камените куполи кои се издигнуваат од океанот, познати како „Дванаесетте апостоли“, кои лежат крај самиот брег на јужната австралиска сојузна држава Викторија.

Камените „апостоли“ се една од најпознатите туристички атракции на оваа држава-континент и многу често се наоѓаат на бројни постери, видео клипови и турустички книги на кои се промовира Австралија.

Според авторот на снимениот материјал, австралискиот снимател Алекс Черни, грчка страна подоцна исплатила надомест за користењето на материјалот, но немало никакво извинување за сторениот „грабеж“.

Наместо тоа од грчката компанија за туризам стигнало писмо со објаснување дека „речиси насекаде во светот се наоѓаат или се среќаваат идеи и имиња чии оригинални корени се грчки“.

18.11.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега