Шведска ги отвора вратите за работниците од Македонија

Шведска е подготвена да вработи работници од земји кои не се членки на ЕУ, а се што треба да имате е пасош и договор со работодавецот.

 Всушност, работата се добива преку директен контакт со работодавецот или преку огласите на интернет.   

-Системот на иселенички визи во Шведска не постои. Доволно е еден член на семејството да најде работа. Тоа е условот за да замине цела фамилија, вели Марија Даниќ од одделението за миграција во Шведската амбасада во Хрватска. 

За да заминете во Шведска потребни ви е само пасош, а останатите услови како плати и дозвола за работа се договараат со работодавецот.

Заинтересираните може да најдат работа преку веб порталот ec.europa.eu/eures каде работодавецот е должен да ги огласи работните места.  

Работа може да најдете и со помош на пријатели кои веќе заминале таму.

 

Познавањето на англискиот јазик не е задолжителен за сите професии, но сепак е предност. 

За професиите како доктори, инженери и професори потребно е да приложите и диплома а нострификацијата на истата трае околу шест месеци.

17.11.2014 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега