ФОТО: Родителите немаат пари за погреб - апел за донации за момчето кое беше прегазено кај Католичка
На социјалните мрежи кружи апел за помош на родителите на загинатото момче кај Католичка црква. Шестнаесетгодишниот Иван Билински е името на момчето кое вчера трагично го загуби животот. Да помогнеме со донација на парични сретства за организирање на погребот на Иван.
Во апелот пријателите на Иван повикуваат да помогнеме кој колку може: Драги пријатели, родителите на момчето кое настрада вчера кај Католичка, Иван Билински, немаат доволно финансии да го организираат неговото последно испраќање! ВЕ ЗАМОЛУВАМ да помогнеме, кој колку може, бидејќи на родителите не можеме да претпоставиме како им е, а нивната финансиска состојба е незавидна. Ги замолувам порталите кои досега ги пренесувале моите статуси за разно разни глупости, да го пренесат и овој, за да му овозможиме на Иван Билински достојно заминување од овој свет.
Лице за контакт: МИХАИЛ 070/395-157. Ве молам споделете!!!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа