Статистика: Намалено производството на шумски производи

Производството на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2014 година, во однос на третото тримесечје од 2013 година бележи намалувње од 6,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни и кај огревното дрво од листопадни видови.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, другото обло дрво од листопадни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.

16.11.2014 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега