Кифлички со кајмак

 
  • 150 мл млеко
  • 150 мл јогурт
  • 50 мл зејтин
  • 1 лажиче шекер
  • 2 лажичиња сол
  • пола квасец
  • 500 гр брашно
  • за фил
  • 1 жолчка
  • 100 гр маргарин
  • 100 гр кајмак
  • 1 лажица брашно
  • за премачкување
  • 1 белка

Во млако млеко ставете го шеќерот, квасецот, малку брашно и оставете неколку минути да стаса. Во сад за месење ставете го јогуртот, зејтинот, солта и стасаниот квасец. Додајте брашно и замесете меко тесто кое нема да ви се лепи на рацете. Оставете го тестото убаво да стаса. Во сад за матење ставете ги состојките за филот и изматете со миксер. 
Стасаното тесто поделете го на два дела. Земете го едниот дел и на побрашнета површина расукајте кора да ви е дебела околу 0,5 цм. Премачкајте ја кората со филот и исечете ја на 12 триаголници, Потоа замоткајте ги кифличките. Повторете ја постапката и со другиот дел од тестото. Наредете ги кифличките во тавче за печење кое предходно сте го намачкале со малку маргарин. Секоја кифличка премачкајте ја со белка и оставете ги околу пола саат на топло. Печете во загреана рерна на 200 степени
Извор: Мои рецепти

14.11.2014 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега