Умрел во големи маки - бик уби битолчанец
Трагедија ја потресе Битола.70- годишен човек го загуби животот откако вчера бил нападнат од бик.
Битолчанецот Симе Ѓ. вчера го напасувал својот добиток во атар на селото Брезово, демирхисарско, кога во еден момент го нападнал бик тежок околу 400 килограми. Бикот го удирал старецот по главата и телото.
Симе бил пренесен во Здравствениот дом во Демир Хисар од каде е препратен во клиничката болница во Битола, но од здобиените повреди починал по пат.
14.11.2014 - 11:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа