Мајката последна разбра дека синчето и е мртво - детали за трагедијата во Штип

 

Двајцата браќа на тригодишниот Чинар Сулејманов, кој вчера беше пронајден мртов, откако исчезна во вторникот, играјќи шах пред трошната и скромна семејна куќичка чекаа тој да се врати дома. Во исчекување беа и другите три сестри и браќа на Чинар, кои како и нивната мајка Бајрамша не знаеја дека тој повеќе нема да се врати дома. Како што пишува Дневник, сите роднини и соседи знаеле дека детенцето е мртво, но никој не можел да собере сили и да и ја соопшти трагичната вест на мајката.

- Од вторникот наваму сите баравме. И семејство и соседите, со и без коњи, и роднини, и пријатели и полиција... Се надевавме дека детенцето ќе биде пронајдено живо, дека некој привремено го згрижил. За жал, пред малку пристигна трагичната вест. Страв ни е да ~ кажеме на Бајрамша, зашто ќе ја скрши. Таа речиси 48 часа плаче и се надева дека синчето ќе ~ се врати живо. Одамна живеат овде. И таа и Амди се невработени, живеат малку од социјална помош, малку од собирање пластични шишиња - раскажува првата сосетка Барие Сулиманова за Дневник. 

Безживотното тело на детенцето било пронајдено вчера претпладне, а бидејќи увидот беше во тек, од полицијата само ја потврдија трагичната вест, без повеќе детали. Според повеќето претпоставки, најверојатно станува збор за несреќа и оти Чинар заталкал. 

- Најверојатно детето починало во текот на ноќта. Мало е, веројатно таму се загубило, останало беа храна и вода. Тие што први го најдоа неговото тело кажуваа дека лицето му било во тревата. Се мачиме, работиме по цел ден, па децата знаат да ни се оддалечат од дома. Јас моите некогаш мора да ги заклучувам кога сум на работа - вели Демир, другар на таткото на Чинар.

Таткото Амди Сулејманов во вторникот изјави за медиумите дека Чинар околу 8 часот излегол од домот и отишол кај својот дедо. Откако заминал од куќата на дедо си се изгубил. И соседите на Сулејманови тогаш рекоа дека детето само одело кај дедото, кој живеел во близина. 

 

14.11.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега