„Тројката“ во нов круг проверки на Грција

 

Денеска „Тројката“ кредитори – ЕУ, ММФ и ЕЦБ почнуваат нов круг проверки на економските показатели на Грција, објави весникот Етнос. Весникот пишува дека новиот циклус инспекции ќе почне денеска со средба на министерот за финансии со претставници на тројката. 

Атина се надева финансиските министри да „отворат пат“ за рекапитализација на грчките банки и и да биде одобрена јунската транша од 3,3 милијарди евра за Грција.

 

најчитано сега