Ограбен брачен пар од Ченто
Брачен пар од Скопје остана без двата пиштоли откако викендов ги ограбил непознато лице.
Од полицијата информират дека крадецот со употреба на физичка сила и погоден предмет влегол во куќата на 54-годишниот Б.Ј. преку балконската врата и извршил тешка кражба.
Крадецот одзел 1.000 денари, златен накит, пиштол со рамка во која имало осум куршуми, кој Б.Ј. го поседувал со дозвола и еден пиштол „шпанска ѕвезда“ со рамка што го поседувала со дозвола неговата сопруга С.Ј.
Полицијата превзема мерки за откривање на сторителот.
10.11.2014 - 13:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа