Зошто поевтинија цигарите Марлборо во Македонија

 

Филип МорисТутунски комбинат Прилеп ДОО Скопје (ПМТКП), заедничката компанија меѓу Филип МорисИнтернационал и Тутунски комбинат Прилеп, е целосно оперативна на македонскиот пазар од септември 2014 година. Генералниот менаџер на Филип МорисТутунски комбинат Прилеп,ЕмреКозлу, на 6 - ти ноември изјави: „Како дел од нашите комерцијални активности, постојано го следиме пазарот на цигари во Македонија за да донесеме издржани деловни одлуки. Овие одлуки се однесуваат на се - од производство на нашите брендови, до менаџирање со нашето производно портфолио во согласност со динамиката на пазарот,  поврзано со асортиманот и цените. Во контекст на ова, со цел подобрување на конкурентноста на ПМТКП преку најрелевантна понуда со вистински цени за нашите полнолетни корисници во Македонија, ја ревидиравме цената наMarlboroCoreFlavorи MarlboroTouch варијантите. Во согласност со оваа комерцијална одлука, што е ефективна од 3 - ти ноември 2014 година, малопродажната цена на MarlboroCoreFlavorиMarlboroTouchваријантите е позиционирана на 85 денари. Цените на другите производи од нашето портфолио остануваат непроменети“.

 За PhilipMorrisInternationalInc. и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп доо Скопје

 

PhilipMorrisInternationalInc. (PMI) е водечка меѓународна тутунска компанија, со седум од топ 15 глобални брендови, вклучувајќи го Марлборо, број еден бренд на цигари во светот. Производите на PMI се продаваат на повеќе од 180 пазари. Во 2013 година, компанијата поседуваше 15,7% од вкупниот меѓународен пазар на цигари надвор од САД, или 28,2%, доколку се исклучат Кина и САД. За повеќе информации, посетете ја www.pmi.com.

 

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје (ПМТКП) е новата заедничка компанија, формирана според Договорот за стратешкото партнерство помеѓу PMI и Тутунски Комбинат Прилеп (ТКП), што беше потпишан во мај 2014 година. Новиот правен субјект има ексклузивно право за комерцијализација на брендовите на Филип Морис и на Тутунски Комбинат на македонскиот домашен пазар. Овие права ги вклучуваат, но не ги ограничуваат, во развојот на маркетинг плановите, бренд стратегиите и менаџирањето на дистрибуцијата. Во меѓувреме, ТКП ги задржува своите сегашни производствени капацитети и можности за набавка на тутун и ќе произведува одредени брендови на PMI во својата фабрика во Прилеп, каде што технички се изводливи и се во согласност со релевантните производствени спецификации за секој бренд. 

06.11.2014 - 15:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега