Печени пирошки

 

Состојки

500 г готови кори

35 парчиња пилешка салама (исечена на круччиња)

500 г кашкавал (исечкан на ленти)

малку кисела вода

малку презла (за похување)

2 јајца (за похување)

малку сол (за похување)

Подготовка

 Готовите кори пресечете ги надолж, на пола.

 На горниот дел од кората ставете парче салама и кашкавал.

 Свиткајте ги страничните делови на кората.

 Свиткајте ја кората во форма на ролат.

 Постапката повторете ја со сите кори.

 Пирошките префрлете ги во длабок сад за печење, притоа наредете ги неоставајќи простор помеѓу нив. Налејте со кисела вода (околу 1/3 од пирошките треба да се навлажнат).

 Секоја пирошка натопете ја во изматено јајце па потоа во презла. По желба, ставете малку сол во презлата.

 Вака подготвените пирошки може:
– да ги замрзнете;
– да ги испржите во загреано масло или;
– да ги испечете;

Во добро загреана рерна, на 220 степени, печете ги околу 15 до 20 минути. Оставете малку да се оладата и сервирајте ги.

04.11.2014 - 15:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега