Се обидела да го убие а потоа го запросила на судењето

Мирослава Шеткова обвинета за убиство наместо да се изјасни за време на сведочењето, таа решила да го запроси човекот кого се обидела да го убие, а за да биде уште почудно тој пред судот ја прифатил понудата за брак.

Шеткова одговара пред судот за обид за убиство затоа што летоска во својот стан во кавга го нападнала со нож своето момче и му нанела 12 убоди. Со оглед дека еден од убодите му ги пробило белите дробови момчето преживеало благодарение што успеало да повика брза помош и поради успешната компликувана операција.

На вчерашното рочиште девојката ги вчудоневиди сите присутни кога се одрекна од своето право да се изјасни во сведочењето дека била жртва и наместо тоа пред сите го запроси момчето, на што тој одговори позитивно.

-„Не ја обвинувам, сакам да се оженам со неа. Тогаш имав малку повеќе испиено, бев љубоморен и ја испровоцирав, поради тоа нема повеќе така да пијам. Ќе испијам најмногу две пива“, изјави идниот младоженец.

Верзијата која сега двајцата и ја претставија на судот е поинаква од првото сослушување, кога обвинетата наведе дека сакала да го исфрли момчето од својот стан и се заканалила дека ќе го прободе со нож доколку не си оди, а тој ја испорвоцирал.

Шеткова има отежителна околност поради тоа што веќе е условно осудувана затоа што своевремено пијана нападнала една жена и и нанела сериозни повреди

04.11.2014 - 14:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега