Грција: Ќе се зајакнува скринингот на границите поради џихадистите

Владата во Грција го прифати барањето на САД да го зајакне скринингот на пристаништата и на аеродромите поради откривање волонтери, кои заминуваат од Европа во Сирија и Ирак за да се борат во редовите на џихадистичката организација Исламска држава.

Минатата недела грчкиот министер за јавен ред Василис Кикилијас во Вашингтон разговарал со американскиот државен обвинител Ерик Холдер, директорот на ЦИА Џон Бренан и директорот на ФБИ Џејмс Коми.  

 

Кикилијас вчера, кога се врати од САД, го информираше премиерот Андонис Самарас за резултатите од посетата. 

 

Тој истакна дека Грција ќе ја интензивира соработката со САД во борбата против ИД.

04.11.2014 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега