Грција ја зајакнува контролата на пристаништата и аеродромите поради борците на ИД

Грчкиот министер за внатрешни работи Василис Кикилиас изјави дека Владата се согласила со барањето на САД да ја засили контролата на пристаништата и аеродромите во земјата поради доброволците, кои патуваат од Европа за да им се придружат на Исламска држава во Сирија и во Ирак.

Кикилиас минатата недела во Вашингтон се сретна со главниот обвинител на САД, Ерик Холдер, со директорот на ЦИА, Џон Бренан и со директорот на ФБИ, Џејмс Коуми.

Кикилиас денеска го информира премиерот Андонис Самарас за посетата, додавајќи оти Грција ќе ја зајакне соработката со САД во борба против ИД.

Грција е главен транзитен пат за имигранти и бегалци кои се обидуваат незаконски да влезат во земјите од Европската унија.

03.11.2014 - 17:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега