Мини крофни
- 250 гр. остро брашно
- 250 гр. меко брашно
- 40 гр, квасец
- 200 мл. млеко
- 3 лажици шеќер
- 50 мл. зејтин
- 3 жолчки
- 2 лажици рум
- 1 неполна лажица сол
- и малку кора од лимон или портокал или лимета
- 2 лажици рум
- дополнително за валкање кристал шеќер
- Во млакото млеко ставете 1 лажица шеќер и квасецот, оставете околу 5-6 мин. да се запени.
- Во садот во кој ќе месите ставете измешани двата вида на брашно, солта, кора од лимон и остатокот од шеќерот, зејтинот, жолчките. Додадете го веќе стасаниот квасец и млекото, румот и замесете еластично тесто.
- Поделете го тестото на мали топчиња (30 гр.) и секое топче добро оформувајки го ставете го на побрашнета крпа - така со целото тесто. Покријте со друга крпа и нека стои 20 мин. Сега свртете ги - оставете пак нека одстојат 20 мин.
- Загрејте го зејтинот како вообичаено - да не е прегреано, пржете ги кратко време колку да заруменеат. Секоја крофна како ќе ја вадите веднаш ставајте ја во кристал шеќер и увалкајте ја. Така со сите крофни се додека не ги испржите.
- Можете доколку сакате и да ги полите дополнително со џем од кајсии, крем.. ганаш, а сосема се одлични и без полнење.
Забелешка
- Овие крофни не се внатре шупликави,
- Потребно е да се пржат на не многу врел зејтин - спротивно тие внатре нема да ви бидат целосно испржени.
- Може тестото да се меси и на рака и со миксер.
- Брашното не ставајте го одеднаш целото. Доколку ви е лепливо тестото дополнително додадете ги тие 100 гр. брашно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа