РАСПАД: За кого работи СДСМ во Ѓорче Петров?

 

Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров во распад. Како што дознава Прес24, во редовите на локалната опозиција во општината владее комплетен неред, кој резултира со незадоволство и чести препукувања меѓу членовите. Како што вели нашиот извор од општинската организација, “благодарение“ на недостатокот на концепт и продуктивност на кадарот кој е на чело на СДСМ во Ѓорче Петров, во моментов буквално не може да се одреди дали членовите се сојузници на владејачката или на опозициската партија.

Токму поради лошата и непродуктивна атмосфера, вели нашиот извор,  СДСМ забележа драстично слабеење на гласачкото тело во Ѓорче Петров, па така, иако на локалните избори во 2013 година опозициската партија освои 11.000 гласа и “за влакно“ не успеа да ја добие градоначалничката фотелја, веќе на последните парламентарни избори во 2014 година, СДСМ во оваа општина доби поддршка од само 7.500 гласaчи.

 

“Фаталната“ грешка на раководството на опозициската партија во Ѓорче Петров, вели изворот на Прес24, е што не ги искористи главните адути на општинската организација, односно, луѓето кои беа најзаслужни за освојување на гласачите на локалните избори, останаа во сенка на раководството кое, како што дознаваме, нема ниту желба, ниту капацитет да се спротивстави на сегашниот градоначалник на општината и неговиот тим. Неблагодарноста која со години ја манифестираат првите луѓе на СДСМ во општината, како и нивната неспособност за продуктивно и ефективно структурирање на своите редови, вели нашиот извор, создаде голема несигурност и незадоволство меѓу членовите и отвори голема дилема дали раководството воопшто има за цел еден ден да ја преземе власта во Ѓорче Петров.

01.11.2014 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега