За сите кои сакаат да заминат: Германија бара 16.000 возачи на автобус

Се појави ново дефицитарно занимање во Европа, а според бројот на луѓе кои се бараат за оваа професија, може да се очекува бран на заминување и од нашите простори.  

Според хрватскиот Глас Славоније, во Германија моментално има работа за 16.000 возачи на автобус, а подеднакво за истата професија се бараат кадри и во остатокот од Европа.

Она што не е наведено е како до повеќе информации за работата, како и каде на интернет можат да се пријават заинтересираните кандидати.    

Сепак порталот пишува дека од Хрватска кон Германија веќе се упатиле многу возачи. Од Синдикатот на возачи и сообраќајни работници на Хрватска потврдиле дека нивни членови веќе потпишале договор, кој подразбира неколкумесечно учење на германски јазик, како и обука за возење низ улиците.

Осигурано им е сместување и храна, а доколку се одлучат за ноќно возење, платата може да им биде до 3.000 евра, истакнале од Синдикатот  Платите за возачи во Италија се движат околу 2.000 евра месечно, а во Германија од 2.500 до 3.000 евра, додека воп Данска и Шведска околу 3.500 евра, пишува хрватскиот портал. 

29.10.2014 - 19:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега