Вечерва состанок на Бихаќка: СДСМ ја донесе конечната одлука
Седница на Извршниотодбор на СДСМ со пратеничката група вечерва се одржала на Бихаќка, информираат од опозициската партија. Според соопштението, на неа уште една шбил потврден ставот за бојкот на институциите.
„Членовите на Извршниот одбор на СДСМ и пратеничката група разговараа и за актуелната политичка состојба во Република Македонија. Беше констатирано дека владејачкото мнозинство е единствено виновно за правната и политичка конфузија во којашто се наоѓа Собранието на Република Македонија.
Пратениците на опозицијата пред пет месеци ги депонираа своите оставки во Собранието. Трајко Велјановски може да ги верификува во секој момент и нема потреба од поврзување со било какви датуми за тоа да го стори“ -стои во соопштението од Бихаќка.
Последниот рок за враќање на опзоициските пратеници во Собранието истекува на 10 ноември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа