Колач со јаболка и мед
· 4 јајца
· 4 лажици шеќер
· 125мл. зејтин
· 125мл. млеко
· 2 јаболка
· 3 лажици мед
· 3 лажици брашно
· 4 лажици гриз
· 100гр. кокос
· 1 прашак за пециво
· 300гр. сецкани кори за баклава
· малку цимет
· шербет
· 500гр. шеќер
· 750мл. вода
Подготовка
На почеток ги матиме јајцата заедно со шеќерот. Во нив го додаваме зејтинот, медот и млекото мешаме со шпатула. Јаболката рендана ја додаваме во смесата. Сувите состојки ги мешаме и нив ги додаваме во смесата заедно со пецивото и сецканите кори. Целата смеса ја сипуваме во малата ростер тава. Печеме на 200степени триесетина минути.
Шербетот го вариме десетина минути и жежок го додаваме во ладното тесто. Сечеме коцки по желба и посипуваме со кокос.
Извор: Мои Рецепти
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа