Соборен рекордот на Феликс: Директорот на Гугл скокна од работ на вселената (ВИДЕО)
Ален Јустас, еден од директорите на Google вчера изведе скок од работ на вселената и го проби звучниот ѕид, со што го собори рекордот што пред две години го постави Феликс Баумгартнер. Директорот скокна од височина од речиси 42 километри и постави нов рекорд рушејќи го со тоа две години стариот рекорд. Баумгартнер скокна од 39.044 метри.
Својата намера Јустас ја скрил од јавноста, а потфатот го финансирал сам. Во петокот наутро по локално време тој со балон наполнет со хелиум од Ново Мексико се искачил до стратосферата и скокнал.
Јустас за овој потфат се подготвувал 34 месеци, со поддршка од компанијата Парагон спејс дивелопмент и нејзиниот тим за истражување на атмосферата кој го дизајнирал скафандерот и останатата опрема.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа