Не им треба дадилка - Новак и Јелена сами ќе се грижат за синчето

 

Новопечените мама и тато, Јелана и Новак Ѓоковиќ сами ќе се грижат за своето синче Стефан. Најдобриот светски тенисер не сака да ангажира дадилка, туку сака сами со сопругата да се грижат за своето бебенце како сите родители.

- Новак и Јелена не сакаат да ангажираат дадилка бидејќи сметаат дека добро ќе се снајдат во улогата на мајка и татко. Бабите и патронажната сестра ќе бидат единствените кои ќе помогнат околу детето. Додека не се подобри, Јелена нема да го следи Новак на турнирите. Ќе биде целосно посветена на малиот Стефан, вели извор близок до нив.

Тие веќе и спремиле соба за своето синче.

- Собата е едноставна, нежна, направена по примерот на собата во која спиел и славниот тенисер додека бил бебе, додава изворот.

25.10.2014 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега