Се сомневате дека ве изневерува?- поставете и стапица

 

Се сомневате дека вашата девојка или жена ве изневерува? Во недоумица сте и не знаете што да правите, а се плашите да не го уништите односот со тешки обвинувања за кои ни самите не сте сигурни? Оваа стапица скоро сигурно ќе запали.

Вашата девојка започна со поголеми промени во вообичаеното однесување? Нова фризура, нова промена на стилот на облекување, поголема заинтересираност за личниот изглед, намалено интересирање за секс.

Поставете и стапица. Купете две идентични романтични честитки. Испратете и една, непотпишана, на работа. Ако има некој, нема да ви каже, бидејќи нема да знае кој и ја пратил честитката, тој или вие.

Тогаш доаѓа другата романтична честитка. Кажете и дека сакате да разговарате со неа, а кога ќе дојде до тоа, поклонете и ја другата честитка. Забележете ја нејзината реакција додека ја гледа. Ако гледа чудно во честитката и глуми дека е баш убава и се прави дека е изненадена, тогаш нешто не е во ред и постои голема можност да не сте единствениот во нејзиниот живот.

Во тој случај погледнете ја во очи и прашајте: “Дали се гледаш со некој друг?” Посветете внимание што ќе направи. Ако го повтори прашањето, ја спушти главата, го тргне погледот, бриши невидливи дамки прашина од облеката, веројатно а виновна. Сега е моментот кога треба да се изврши притисок. Повторете го прашањето и ако е навистина виновна, ќе стане многу нервозна.

Конечно, за да го добиете нејзиното признание (ако веќе не ви го дала), кажете и “Знам дека имавме проблем и не си ти крива за тоа, но само сакам да ја знам вистината.”

Ако изгледа како жртва во целата ситуација, полесно ќе признае.

24.10.2014 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега