Лек за главоболка - Точки на лицето кои треба да ги масирате за да ја снема

 

Притискањето на овие точки или нивно нежно масирање можат да ја победат главоболката или болките во другите делови од телото. Постојат 4 точки кои треба да се притискаат по околу 5 минути за да се неутрализираат силните главоболки. Овие методи се слични како кинеската традиционална акупунктура.  За болките во другите делови од телото, погледнете ја сликата на која се означени кои зони на лицето треба да се притискаат за тие болки.

 

Еве ги советите за неутрализирање на главоболката: 

1. Aголот од очниот капак кон ностот и пределот под веѓите. Притиснети ги тие коски. Доколку ве заболат, длабоко вдишете. Задржете го воздухот неколку секунди и издишете. Ова повторувајте го неколку минути. 

2. Двете страни на ностот и ноздрвите. Со показалецот притискајте ги носните шуплини, од горе надолу. Притискајте се додека не ве заболи, потоа вдишете, задржете го малку воздухот, па издишете. 

3. Показалецот поставете го вертикално наспрема носот, на местот каде што се спојува носот со горната усна. Притиснете, па вдишете и издишете. 

4. На точката помеѓу долната усна и брадата, притиснете се додека не го почувствувате притисокот на непцето, каде што се наоѓа битен нерв поврзан со главата 

24.10.2014 - 13:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега