Аспазија Софијанова: Овој народ е умен и знае да ги препознае предностите од вакцинирањето

Општата фама во јавноста, која минатите неколку години се појави, по шпекулациите на интернет дека вакцините предизвикуваат аутизам и други заболувања кај децата, полека но сигурно стивнува. Директорката на клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, голем поборник за вакцината, во интервју за Прес24, оценува дека родителите ја препознале манипулацијата и е задоволна што “антивакциналното движење” во Македонија губи од својот интензитет. Вакцината, вели д-р. Софијанова е главнат превентива за сите искоренети заразни болести.

- Лошо излезе што се обивинија вакцините. Луѓето не знаат што значи враќање на тешките болести од кои се умира. Сепак овој народ е умен и умее да ги стави работите за и против и постепено се намалува тој тренд на антивакцинално движење, нешто за кое посебно се радувам, вели д-р Софијанова за Прес24.

-Се се работи во светот по принцип на докази изведени од медицински проверени и вистински докажани ситуации. Човекот, за жал колега кој ја отвори дилемата во Велика Британија,  е веќе во затвор. Се докажа и покажа дека вакцината на 13 месеци не предизивкува аутизам, потенцира директорката на клиниката за детски болести, во интервјуто за Прес24.

Д-р. Софијанова, која важи за голем поборник за вакцинацијата ги открива мотивите поради кои е толку голем поборник за вакцинирањето на децата, посочувајќи дека тоа е единствениот начин за заштита. На прашањето зошто е толкав поборник за вакцинација,Д-Р. СОФИЈАНОВА вели:

-Зошто имам видено дете како умира од пертусис(кашлица) за кое лекот тешко може да го спаси животот, а вештачкото дишење кое лично го имам дадено е последен лек на избор, за кое кога би знаеле каква агресија и стрес предизвикува и што тоа значи по еден живот, никој не би сакал да биде во таква ситуација за своето сопствено дете”.

Софијанова во интервјуто за Прес24, потенцира дека од април следната годиан во Македонија ќе биде достапна и поливалентната вакција.

Дирекотркта на клиниката за детски болести, која воедно е и национален координарот за рансплантација смета дека многу реформи кои се направени, денеска го прват далеку поквалитетно македонското здравство.

ПРЕС24:  Веќе 10 месеци како е отворен Ургентниот Центар на Детската Клиника, единствениот здравствен центар во државата каде има 24 часовно дежурство на педијатри.  Како функционира Ургентниот центар и кои здравствени услуги може да се добијат таму?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Ургентниот центар функционира практично 24/7 и ги покрива сите дејности од областа на педијатријата од најмало до 18 год и евентуално компликации на хронични пациенти на клиниката и со постара возраст кои имаат свој матичен лекар на Клиниката. Во склоп на самиот ургентен центар има 4 болнички кревети за брзо давање на секаква брза терапија, реанимација, вештачко дишење и вештачка вентилација бидејќи е опремено со доводи за кислород и воздух по американски стандарди. Има и два дефибрилатори и перфузори, инфузиони пумпи и се што треба за брзо рехидрирање и останата терапија за сите заболувања. Доколку има потреба од интензивно лекување конекцијата меѓу ургентниот и интензивната е еден ходник, а има постојано екипа за најкомплицирани работи кои ги покрива интензивната единица и специјалист-педијатар интензивист. Работат навечер по 2 лекари на специјализација поради големиот турновер на пациенти , а има и две сестри за да оди брзо и административното заведување на целата документација која некогаш одзема и време. Детето не смее да чека..Родителите доаѓаат поради реални потреби и маки и секогаш се загрижени. Дополнително работиме на насмевките на сестрите и лекарите, како би ги намалиле и психолошки грижите на загрижените родители. Со дневната болница во склопот на ургентниот центар се намалуваат трошоците на клиниката, услугите се поефикасни и поквалитетни, побрзи, а се намалува, скратува болничкиот престој и непотребните траума по клиниката. Има и најмодерен апарат-ехосоногравски, донација од Ротарѕ клубот интернационал.

ПРЕС24: Дали овој проект кој беше на ваша иницијатива го оправда своето постоење?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Апсолутно го оправда. Пред се во квалитетот на здравствените услуги што се даваат на децата, на брзината и ефикасноста во давањето на здравстевинте услуги, многу брзо доаѓаат до истите загрижените родители, се чувствуваат сигурни и безбедни, а со тоа заштитени од несакани последици кон нивните најмили.

ПРЕС24:  Имате голема улога и кај кардиохируршките операции на мали деца за кои порано се одлеваа многу пари при нивниот третман во странство. Колку сега е сменета оваа ситуација и колку бебиња се оперирани со помош на странските експерти кои доаѓаат во Македонија?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Сега скоро сите бебиња се оперираат во нашата држава од страна на експертите од УСА во тимот на срцевата фондација од УСА и нашиот тим кој активно учествува во селекцијата , операциите и третманот одпосле на тие пациенти на одделот за неонатална интензивна. Заедничките напори и едукативниот момент не прави сите среќни поради создавање на духот за тимска работа и кооперација и соработки меѓу две институции (Детска Клиника и Детска Хирургија) кои во иднина ќе постанат една како што е секаде во светот, а како ќе биде наскоро и кај нас, обработка на пациентот-детето или бебето комплетно од сите агли и сите аспекти. Заштетада е огромна во финансискиот момент, а траумата од одделувањето на децата од родителите при транспортот во друга држава дополнително го намалува целокупниот психолошки ефект кој остава сепак трајна последица на идниот возрасен цовек.

ПРЕС24:  Многу често странски експерти, врвни лекари од САД и други земји престојуваат во земјава и вршат обуки за нови здравствени методи. Кои нови практики ги имате воведено во работењето на Детската клиника?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Можеме да се пофалиме дека Детската Клиника до сега успешно примени неколку атрактивни методи за дијагностицирање и лекување на децата прифатенио од реномирани центри на УСА и Европа во склоп на новите методи за третман и на нашите простори. Еден со кој највеќе се гордееме, а што е тренд за извлекување на бебињата (предвремено родените) е неагресивниот метод на буббле ЦПАП кој секаде по нашите светски конгреси се смета за бранд во неонаталната интензивна за спасување на предвремено родените и тие со екстремно ниска родилна тежина без агресивен пристап-интубација.

Се планира и воведување на методот со ладење кој исто во светот е најатрактивен, за ладење на мозокот со што се сопираат многу негови функции, практично се намалуваат метаболните процеси кои доведуваат до токсичен ефект од мозочна траума. Апаратот само што не е пристигнат на Клиника а јас сум обучен тренер за тоа со што, не само што, ќе ги спасуваме децата туку и ќе ги намалиме евентуалните последици од страна на мозочната траума од било каков карактер.

Исто работиме на случајот за подобрување на дијагностиката и третманот на децата болни од рак.

ПРЕС24:  Неодамна експерти од САД вршеа обуки за работа со децата со аутизам. Дали бројката на деца со аутизам во Макеоднија расте и дали имаме стручен кадар кој може да работи со нив бидејќи знаеме дека раното дијагностицирање и третманот се особено важни кај оваа болест?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: За жал секаде во светот и кај нас, бројот на аутистичен спекар деца се повеќе расте и веќе станува загрижувачка потреба од рано дијагностицирање и третирање на овие деца уште во периодот кога може да се влијае на тоа. Се докажа, а знаете дека во тимот за дефинитивно утврдување на овој проблем на генетско и молекуларно ниво учествуваше и експерт од Македонија, со кој се утврди дека сепак се е до генетскиот код на бројот на неврони и нивниот раст и развој уште пред да се роди новороденото. Затоа е најважен првиот перинатален тек и ран неонатален како и касен неонатален период да се следи детето. За тоа има експерти на нашата Клиника и тимскиот приод со психолози, дефктолози, логопеди ќе може уште во најраното препознавање на пореметеното однесување и останата емоционална компонента која може да не насочи е најважна, како и генетското и субмолекуларно истражување.

На клиниката постои апаратура за тоа на што сме посебно горди и ќе работиме на надоградување на сите потребни реагенси, како со раното откриванје ќе можеме и рано да превенираме и лекуваме да не дојде до вистински трајни последици каде е потешко да  се влијае.

ПРЕС24:  Последниве години отворена е дилемата- дали порастот на бројот на деца со аутизам е последица на вакцинацијата. Псоледните истражувања во светски рамки покажаа дека сепак не постои поврзаност. Но, бројот на деца кои не се вакцинирани поради стравот на родителите во земјава расте. Дали овој проблем станува сериозна закана, можно ли е враќање на некои болести кои одамна биле искоренети?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Секое дете е одговорност на родителите пред се, но и на општеството, а и на лекарите за кои имаме дадено хипократова заклетва. Затоа не може да се остави на нешто што се вели страв од кажување и зборување. Се се работи во светот по принцип на докази изведени од медицински проверени и вистински докажани ситуации. Човекот, за жал колега кој ја отвори дилемата во Велика Британија,  е веќе во затвор. Се докажа и покажа дека вакцината на 13 месеци не предизивкува аутизам. Поврзаноста со имулошкиот систем е важна исто така кај аутизмот, но ако не е вакцината други дополнителнин работи ќе го направт тоа што значи дека кај тие деца, кои се акцептибилни за аутизам, ќе го добијат и со и без вакцината, доколку е до имунолошка некомпетентност, обичен вирус, бактерија, во градинка ќе го добие и обично тогаш се приметуваат промените. Лошо излезе што се обивинија вакцините. Луѓето не знаат што значи враќање на тешките болести од кои се умира. Сепак овој народ е умен и умее да ги стави работите за и против и постепено се намалува тој тренд на антивакцинално движење, нешто за кое посебно се радувам.

ПРЕС24:  Доктор Софијанова, зошто сте поборник за вакцинација?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Зошто имам видено дете како умира од пертусис(кашлица) за кое лекот тешко може да го спаси животот, а вештачкото дишење кое лично го имам дадено е последен лек на избор, за кое кога би знаеле каква агресија и стрес предизвикува и што тоа значи по еден живот, никој не би сакал да биде во таква ситуација за своето сопствено дете. Или заушките како можат да остават траен стерилитет, или…

ПРЕС24:  Какви можат да бидат псоледиците за децата кои не примиле вакцини?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Ако се заразат, ќе ги заразат сите околу себе, што не се заштитени и на тој начин се враќаат епидемиите за кои во минатото се снимани многу филмови, за жал во сите ја гледаме тажната крајна судбина после смртоносните болести…

ПРЕС24:Кога Макеоднија ќе ги добие поливалентните вакцини кои беа најавени?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Од април 2015 год

ПРЕС24:  На прагот сме на сезоната на грип. Колку вакцината против грип може да ги заштити децата?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Во земјите на ЕУ, УСА и Јапан е задолжителна. Дел од дипломатскиот кор лично доаѓале кај мене да ги вакцинирам. Мислам дека многу го намалува делот во кој болните деца од грип мораат да седат дома, а тоа дополнително повлекува мајката да седи дома и други дополнителни невози кои можат да се избегнат со едно лесно мало боцкање. Знаете денес медицината е отидена многу напред. Во склопот на научно истражувачките дејности, докажано е дека постоењето на модерните трендови во науката и добивањето на заштитни механизми за поубав и поквалитетен живот се во интерес на целото човештво.

ПРЕС24:Покрај тоа што сте директор на клиниката за детски болести извршувате уште една особено одговорна функција- Национален координатор за трансплантација. Кои се предизвиците на ова поле?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Ова ми е еден од најголемите и најдрагите предизвици. Заживување на кадаверичната трансплантација. И навистина ја заживеавме. Имаме тим на урологија, нефрологија, трансфузија, радиологија, детска клиника и детска хирургија со кој треба да се гордееме. Особено ова важи за кадаверичната трансплантација, или донорската трансплантација. Веќе направивме 7 кадаверицни и трансплантиравме 14 бубрези. Работиме на делот за црнодробна трансплантација и останатите органи. Веќе сме на прагот да влеземе во еуротрансплант, каде поради следење на сите регулативи и закони, мониторирање на Европа и на овој план не доближи до нивниот стандард. Уште малку и ќе можеме на сите да им дадеме шанси за спасување и продолзување на животи.

ПРЕС24:   Заживеа и кадаверичната трансплантација . Постои ли свесност кај граѓаните за ова прашање?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Постои ,но треба да се работи на тој план повеќе. Започнуваме национална кампанја за заживување на свесноста од сите аспекти, етички, морални, медицински. Полека брзаме и во тој дел.

ПРЕС24:   Колку пациенти досега се спасени од дијализа?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Од ливинг донор трансплантација за ова година околу 30, од кадавер 14….

ПРЕС24: Каде е Макеоднија на светската мапа на трансплантација?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Полека, ама сигурно се доближува до Хрватска. Со започнување на донорската или кадаверичната трансплантација се промени нашето место на светската мапа, што покажа дека и ние можеме, ако сакаме,  со нашите можности да ја донесеме врвната медицина меѓу нас.

ПРЕС24:   Влеговте како пратеник на последните избори, но се повлековте од Собранието и останавте во здравството. Како успевате да направите баланс меѓу политиката, менаџирањето на една здравствена установа и лекувањето болни дечиња? Што е за вас најголем предизвик?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Прво сум мајка, после сум лекар, па педијатар, па интензивист, па професор на факултет-едукатор на идни генерации, па Директор на клиника, национален координатор за трансплантација и од пред 1 месец претседател на ОК Центар. Кога се реализирате постепено во секој од овие сегменти, едните на другите ви помагаат во искачување по скалите кои не е лесно да се качуваат, ама некако кај мене имаа природен тек. Ништо исфорсирано, се со многу љубов и посветеност во работата. И така ќе остане.

ПРЕС24:  По стапувањњето на директорската функција на клиниката за детски болести, колку според Вас успевате да ги промените работите?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Многу работи… Пред се внатрешното чувство дека сме успешна клиника, дека секој е вреден внатре што влегува, дека секој има право во склад со своите квалитети да го добие најдоброто. А на мене е се што имам видено по светот да го донесам на дланка на оние на кои навистина сум им најпотребна – децата.

ПРЕС24:  Вие сте еден од првите директори која забрани Фејзбук на клиниката. Зошто и како тоа беше примено?

Д-Р. СОФИЈАНОВА: Работа е работа, забава и споделба на информации доаѓа секогаш после работниот процес. Секој има право  на приватност и живеење на животот по сопствена замисла. Но кога се работи и се посветува внимание на болно дете, бара комплетна посветеност и тука нема шпекулации и импровизации

24.10.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега