Еве колку цигари дневно можете да испушите, а да не умрете

Ако сте страствен пушач и ништо на светов неможе да ве натера да се одвикнете од овој порок, веројатно некогаш сте се запрашале: Колку цигари дневно можам да испушам, а да не умрам?

Математиката во овој случај е многу едноставна. Проценето е дека долната граница на смртоносната доза никотин по ден може да изнесува 30 до 60 милиграми, односно од 0,5 до 1,0 милиграми по килограм за возрасни личности.

Со оглед на тоа дека секоја цигара во себе содржи еден милиграм никотин, едноставно се доаѓа до бројка од минимум триесетина цигари.

Пушачот апсорбира само една десетина од никотинот во една цигара, 0,1 милиграм, што значи дека е потребно да испушите барем 300 цигари во еден ден за да испуштите душа. Истражувањето од минатата година покажува дека минималната доза е и поголема од тоа, па некои научници тврдат дека е потребно од 500 до 1.000 милиграми или да испушите од 6,5 до 13 милиграми по килограм.

Американската агенција за храна и лекови мисли дека е малку веројатно некој да се отрује со никотин од пушење. Но, не треба да си играте со своето здравје. Ризикувате стерилност, рак на бели дробови, рак на грло, импотенција и други проблеми со здравјето.

И ако не сте занеле, цигарите се најпродаваниот производ на планетава. Се работи за индустрија вредна повеќе од 400 милијарди долари што ја прави една од најмоќните на светот.

 

 

22.10.2014 - 17:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега