Што се децата учат од родителите

Како на подобар и креативен начин да го поминете слободното време во кругот на семејството?

Слободното време е важно за комуникацијата и градењето на семејните односи. Постојат различни начини за тоа како можеме креативно и пријатно да поминеме одредено време во денот во кругот на семејството. Со децата можеме да играме најразлични игри, да им читаме или раскажуваме приказни, заеднички да ги извршуваме домашните обврски или заедно да поминеме викенд во природа.

Понекогаш е потребно родителот да учи за тоа како треба да се дружи и да разговара со своите сопствени деца. Мајките, па и татковците често се преморени, не се фокусирани на една тема, па така многу често се случува паралелно да ги извршуваат домашните обврски, да гледаат телевизија и да разговараат со детето. Овие ситуации детето со право ги доживува како одбивање. Многу често се случува членовите на едно семејство да се блиску еден до друг, а сепак да не учествуваат во заедничките активности.

Многу родители своето слободно време не го трошат правилно и содржајно, па затоа не можат ниту на своите деца да им ја обезбедат таа навика. А скоро секогаш родителите се тие кои треба да ги поттикнуваат децата а тие да земаат пример од нив. Може да им покажат интерес за светот на детето и неговото хоби и интимност, но со немањето време, може и да го напраат детето да се чувствува безвредно.

Доколку родителите многу често седат пред телевизор или компјутер, не одат во природа и не пешачат, не се занимаваат со спорт, за очекување е тие навики да ги присвојат и нивните деца. Истражувањата покажале дека децата кои постојано гледаат телевизија или седат пред компјутер, многу помалку се дружат со нивните врсници и многу потешко ги прифаќаат социјалните вештини. Тие се пасивни, а последици од тоа се дебелеењето, малото движење и проблеми со ´рбетот. Уште полоша е и психичката пасивност, а пак таа може да се препознае преку неразвиената имагинација, неспособност за решавање на проблеми, депресивност, незрелост, слаб училишен успех, а многу често и преку зголемена агресивност.

Извор: Боза

22.10.2014 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега