Ресана на домашен начин

 
Денешниот рецепт е посветен на сите оние кои се љубители на слатките, вкусни десерти. Ресана колачот е микс на намирници што можат да се најдат во сечиј дом. Топло ви препорачуваме да го направите.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За кори

  • 4 јајца
  • 20 лажици шеќер
  • 24 лажици млеко
  • 24 лажици брашно
  • 2 кесички прашок за печиво

За фил

  • 250 гр. шеќер
  • 1 дл. вода
  • 4 лажички џем по (можност од портокал)
  • 1 портокал или 2 мандарини

Глазура

  • 100 гр. чоколадо
  • 3 лажици масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

За кори:

Од двете јајца се одвојуваат белките од жолчките и се матат пенасто, се додаваат 10 лажички шеќер и се мати додека не се стопи, па се промешуваат и двете жолчки. Се ставаат 12 лажички млеко, 12 лажички брашно и 1 прашок за пециво.

Сето тоа се промешува и се става во подмачкан и со брашно посипан-плех. Се пече во загреана рерна на температура од 250 степени околу 10 минути. На истиот начин се приготвува и другата кора. Потоа со помош на алатка ( најчесто чаша) од корите се сечат кружни парчиња тесто.

За фил:

Се раствора 250 грама шеќер во 1 децилитар вода. Една кора се дроби и се додава во растворениот шеќер, добро се промешува и се ставаат 4 лажици џем (изборот на џемот е ваш), сето тоа се соединува и потоа се додава изрендан портокал. Уште еднаш добро се промешува и се нанесуваат на кружните парчиња тесто.

Глазура:

За крај се стопува чоколадото со масло и се премачкува колачот.

Извор: Попара

20.10.2014 - 13:42


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега