Домашен бурек

 

Направете домашен бурек за вас и вашето семејство. Еве што ви е потребно:

Состојки:

500 г. кора за пита

300 г. сирење

250 мл. вода

125 мл. масло

Подготовка:

Измешајте ги маслото и водата. Изгмечете го сирењето. Две кори ставете во тепсија, претходно намачкана со масло.Со мешавината од масло и вода попрскајте ги корите, ставете уште две кори, што исто така треба да се испрскаат. Врз третата потоа ставете малку сирење. Редете понатаму, по две испрскани кори, ставајте сирење на третата. Така со ред, додека корите не се потрошат. Со корите кои го поминале работ на тепсијата замотајте го бурекот. Со остатокот од масло и вода полејте го истиот. Печете на 180 степени околу еден час.

Извор: Попара

18.10.2014 - 15:11


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега