ВИДЕО: Успеа да го победи ракот- денес е надежен бодибилдер
Едно момче од Мичиген на возраст од само 15 години добило ужасна дијагноза - рак.
Но 15-годишниот Зак Зејлер започнал упорна борба против ужасната болест и да бара начини како да го зацврсти телото кое постојано му слабеело поради високите дози на хемотерапија.
Затоа Зак започнал да тренира бодибилдинг.
Денес тој има 20 години и не само што го победи ракот, доживува успеси во полето на бодибилдерството.
Тој со фитнес режимот започнал за време на лечењето. Откако му е дијагностицирана болеста тој паднал на 45 килограми, а денеска тежи 80 килограми.
Погледнете го видеото кое ја раскажува неговата инспиративна приказна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа