Стефанов „удри" по Перо Антиќ - продолжува војната

Медиумската војна меѓу Перо Антиќ и Врбица Стефанов продолжува. Стефанов денеска за прв пат се појави пред медиумите во улога на тренер на МЗТ Скопје. и одговори на нападите на Антиќ.

-Тој и претходно ме провоцирал, но сега е време сите да ја дознаат вистината. Јас не трпам разгалени кошаркари како него, кој не игра поради тоа што чорапите биле обоени, нешто што Антиќ не сакаше да го направи на подготовките пред настапот во Венецуела. Кога го назначивме за капитен се обидуваше да ја злоупотреби позицијата. Лажеше дека тимот е изморен и дека не сака да тренира, а од друга страна дознав дека само тој не сакал да тренира. Кондициониот тренер Сандро Бекардино два пати го спречував да замине бидејќи му било кажано дека играчите не сакаат да тренираат. Сето ова можете да го проверите во „куќата на кошарката, иако не верувам дека ќе добиете одговор, вели Стефанов, кој рече дека Антиќ има комплекс што никогаш нема да биде најдобар македонски кошаркар.

-Перо пати да биде во центарот на јавноста. Многу го боли што никогаш нема да биде најдобар македонски кошаркар. Тука се е јасно, прво Петар Наумоски, па сите останати, потенцираше новиот тренер на МЗТ Скопје.

17.10.2014 - 15:36
Фото: 
курир


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега