Сакав да испијам кутија апчиња за смирување - преживеал голгота поради Жељко Јоксимовиќ

Драган Којиќ Кеба доживеал бројни непријатности поради Жељко Јоксимовиќ кого го емитира  во втората емисија од шоуто „Твоето лице звучи познато“. На пејачот не му било нималку лесно да се претвори во својот колега Јоксимовиќ. 

-Кога прифатив да го имитирам Жељко, размислував да испијам кутија апчиња за смирување. Втор пат во животот ги избричив брковите, а падна и депилација на градите. Ме шминкаа и ми правеа фрузира еден час. Двајцата сме темпераметни, а лични сме и во душа, но тој е поспор од мене, вели Кеба.

Неговата трансформација ќе може да ја погледнете во недела.

 

17.10.2014 - 12:10


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега