Инцидентот во Белград топ-тема во странските медиуми - што напишаа?

 

Би-Би-Си, Газета, Гардијан и други странски медиуми известуваа за немирите кои настанаа по прекинот на натпреварот меѓу Србија и Албанија.

-Натпреварот меѓу Србија и Албанија е прекинат откако дрон кој носеше политичка порака предизвика судири на теренот. Политичката порака (симбол на Голема Албанија), леташе над теренот и српскиот фудбалер Стефан Митровиќ го спушти на земја. По 30 минути УЕФА потврди дека натпреварот е суспендиран, пишува Би-Би-Си.

-Политички чувствителниот натпревар за европските квалификации беше прекинат откако над теренот прелета дрон со политичка порака. Натпреварот заврши откако знамето на таканаречена Голема Албанија леташе над стадионот. Српскиот фудбалер го фати знамето, по што настанаа лути реакции на албанските играчи, по кои следеше близок контакт и судир меѓу фудбалерите, пишува британски Гардијан.

-Натпреварот со себе носеше голем ризик поради настапот на двете нации меѓу кои владее политичка тензија поради Косово, пишува шпански Марка.

-Тензија, политика и фудбал во позадина. Се знаеше дека натпреварот Србија-Албанија ќе биде посебен предизвик, па на гостинските навивачи им беше забранет влез на стадионот. Свирежите за време на изведувањето на албанската химна беше само вовед во лудата вечер, известува италијански Газета дело спорт.

15.10.2014 - 11:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега