ФОТО: Ова е охридската директорка која вечерва ја уапси полицијата - еве детали
Милка Митреска, управител на фирмата Сузуки која до пред два дена стопанисуваше со охридските паркинзи доцна попладнево е уапсена во Охрид. Како што веќе објави Press24 полицијата ја сомничи за узурпација на јавно земјиште. Според првичните и неофицијални информации таа е приведена откако продолжила со наплата на паркингот по охридските улици и покрај тоа што локалната власт и го раскина договорот за концесија. Таа денеска претпладне даваше и изјави за медиумите. Рече дека немало правен основ да и биде поништен договорот и призна дека нејзините вработени продолжиле со наплата.
„Полицијата денес и ги отстрануваше вработените од работните места, а две лица се и спроведени во полиција со комбе затоа што вршеле наплата“, рече Митреска на денешната прес конференција во Охрид.
Во секој момент се очекува Митреска да биде спроведена пред Истражен судија во охридскиот суд.