Десет компании со најголем профит во воената индустрија
Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхлом направи попис на „24/7 Wall St.“ на највлијателните доставувачи на оружје низ детална анализа. Интересно само САД годишно троши 712 милијарди долари на воени услуги. Податоците се од 2011 година и истите се ажурираат за време на година дена.
Воената индустрија денеска е најсилна од кога било претходно. Глобалната трговија на оружје и воени услуги на 100 најголеми одбрамбени пружители на оваа услуга, само во 2010 година порасна за 411,1 милијарди долари, наведува Меѓународниот мировен институт во Стокхлом (SIPRI). Овој пораст е одраз на зголемувањето на растот на воената потрошувачка во последните десетлетија. Од 2002 година вкупната продажба на најголеми произведувачи на оружје порасна за 60%!
Овој институт неодамна го објави својот годишен извештај за водечки компании на производство на оружје во светот, наречен „SIPRI Top100“. Овој извештај ги идентификуваше компании во тој сектор прикажувајќи ја продажбата на оружје на поедини компании. Според овој извештај, веб страницата 24/7 Wall St. идентифициала 10 компании со најголеми приходи на оружје. Наведените компании оствариле приход од 230 милијарди долари, што е повеќе од полвината вкупни приходи во овој сектор.
Иако многумина економски гранки патеа во 2010 година, поради финансиската криза, водечките компании кои се занимаваат со продажба на оружје и воени услуги, кризата не ја ни почувствуваа.
Според доктор Сусан Џексон, експерт за оружје SIPRI, кога продажбата паднала, тоа не било поради финансиската криза, туку поради повлекувањето на странските трупи од Ирак, а подоцна и очекуваното намалување на потребите за продажба на воена опрема.
Составот од 10 најголеми произведувачи на воена опрема е состојба на модерното војување. Се повеќе и повеќе се водат војни во далечина, воздушен простор, и зрачен удар, а се помалку на земја. Како последица на тоа седум од десет најголеми компании се водечки во воздухопловството.
Од 100 компании на пописот, 44 имаат седиште во САД, вклучувајќи ги Boeing, Northorp Grumman и Lockheed Martin. Американските компании заработуваат преку 60% од вкупната заработувачка на сите 100 компании. Од водечките 10, 7 се американски, една е британска, една италијанска, и една мултинационален конгломерат на ЕУ.
Ова се 10 компании кои го заработуваат своето богатство благодарение на војните
10. Technologies (САД)
Трговија со оружје: 11,6 милијарди долари; Продажба: 58,2 милијарди долари; Профит 5,3милијарди долари; Број на вработени: 199,900; Продажен сектор: Воздухопловство, електроника, оружје, хеликоптери (Black Hawk I Seahawk); Посебности: Најмногу вработени во светот со најголем профит; Останати производи: Дигалки, клима, фрижидери.
9. L-3 Comunications (САД)
Трговија со оружје: 12,5 милијарди долари; Продажба: 15,2 милијарди долари; Профит 956 милијарди долари; Број на вработени: 61,000; Продажен сектор: Електронски систем, комуникација, известувачки сектор, надзор, извидување; Посебности: Производство на беспилотни летала.
8. Finmeccanica: (Италија)
Трговија со оружје: 14,6 милијарди долари; Продажба: 24,1 милијарди долари; Профит 3,2 милијарди долари; Број на вработени: 70,470; Продажен сектор: Воздухопловство, артилерија, мотори, електроника, воени возила, артилерија; Посебности: Судење поради мито кон индиската влада за договор на околу дванаесет хеликоптери, мирна управа; Останати производи:
7. EADS (Холандија)
Трговија со оружје: 16,4 милијарди долари; Продажба: 68,3 милијарди долари; Профит 1,4 милијарди долари; Број на вработени: 133,120; Продажен сектор: Воздухопловство, електроника, проектили; Посебности: Со BAE системите најсилна компанија за вселенски летала; Останати производи: Се што е поврзано со патувањето во вселената.
6. Northrop Grumman (САД)
Трговија со оружје: 21,4 милијарди долари; Продажба: 26,4 милијарди долари; Профит 2,1 милијарди долари; Број на вработени: 72,500; Продажен сектор: Воздухопловство, електроника, проектили, вселенски бродови, вселенски летала; Посебности: Компанијата е меѓу најголемите загадувачи на воздухот во светот; Останати производи: Одбрамбени радари, системи за одговор во критични моменти.
5. Raytheon (САД)
Трговија со оружје: 22,5 милијарди долари; Продажба: 24,9 милијарди долари; Профит 1,9 милијарди долари; Број на вработени: 71,000; Продажен сектор: Електроника, проектили; Посебности: Еден од главните соработници на американската влада, креатори наTomahawk проектилите; Останати производи:
4. General Dynamics (САД)
Трговија со оружје: 23,8 милијарди долари; Продажба: 32,7 милијарди долари; Профит 2,5 милијарди долари; Број на вработени: 95,100; Продажен сектор: Артилерија, електронија, воени возила, артилерија, бродови; Посебности: Дури 18.000 трансакции со најголем раст на продажба од дури 73%; Останати производи: Електрични бродови и воени резервоари.
3. BAE Systems (Англија)
Трговија со оружје: 29,2 милијарди долари; Продажба: 30,7 милијарди долари; Профит 2,3милијарди долари; Број на вработени: 93,500; Продажен сектор: Воздухопловство, артилерија, воени возила, проектили, бродови; Посебности: L-ROD оклопен систем „Hawk Advanced Jet Trainer симулирачки систем за пилотите; Останати производи:
2. Boeing (САД)
Трговија со оружје: 31,8 милијарди долари; Продажба: 46,5 милијарди долари; Профит 2,7 милијарди долари; Број на вработени: 123,000; Продажен сектор: Воздухопловство, електроника, проектили, вселенски летала; Посебности: Втор најголем произведувач на оружје со само 46% од уделот на профит од воената индустрија во целосно делување; Останати производи: Комерцијални и патнички летала – Boeing 747, 757, 787, Dreamliner,договор со NASA
1. Lockheed Martin (САД)
Трговија со оружје: 36,3 милијарди долари; Продажба: 46,5 милијарди долари; Профит 2,7 милијарди долари; Број на вработени: 123,000; Продажен сектор: Воздухопловство, електроника, проектили, вселенски летала; Посебности: Раст на профитот секоја година, најсилна светска корпорација на воена опрема со најголем договор; Останати производи: Радари, беспилотни летала.
Тие најмногу профитираат од војната во Сирија и Ирак – партнерите на Пентагон ги тријат рацете
Компаниите за воздушни удари во Ирак и Сирија, кои се водени од коалицијата на чело на САД, претставуваат одлична работа за американските произведувачи на оружје, и воена опрема која во последните месеци и расте вредноста на берзите.
„Тоа е совршена војна за компанијата, која се занимава со оружје и оние кои сакаат зголемување на средствата за одобрени за одбрана“, изјавил Ричард Абоулафиа, потпретседател на конзулантската компанија Teal Group.
Ударот на компанијата над исламската држава претставува милион долари трошкови за купување на бомби, ракети, делови за авион, и многу аргументи во корист на финансирањето на напредните летала, без оглед дали станува збор за борбени летала, шпиунски летала или летала за снабдување.
Вредноста на акциите на големите партнери на Пентагон почна да расте откако Барак Обама ги испрати своите воени „конзуланти“ во Ирак во јуни, а растот продолжи со почетокот на зрачните удари во Ирак на почетокот на август.
Во последните три месеци, вредноста на акциите на Lockheed Martin порасна за 9,3%, Raytheona и Northrup Grumman за 3,8%, General Dynamic за 4,3%. А за време на истиот периот индексот S&P 500 изгуби 2,2%.
Lockheed Martin производите на ракетите Hellfire се ставаат на беспилотните борбени летала Reaper и авионите на ирачката војска.
Неколку дена по ширењето на ударот на Сирија, Raytheon доби договор од 251 милион долари за испорака на крстачки ракети Tomahawk за американската морнарица.
Американските бродови испалија 47 Tomahawk првата ноќ во нападот на Сирија на 23 септември, а секоја чини околу 1,4 милиони долари.
Фактот што ударите засега имале само ограничено влијание не го згасна апетитот на вложувачите на компанијата во секторот за одбрана, истакнуваат аналитичарите.
Од компанијата создаде и нешто подобро од тоа што очекуваа експертите пред три години“, изкавил Лорен Томпсон од Lexington Институтот, кој има бројни врски со индустријата за одбрана.
Со војната на овие компании се создаваат договори не само благодарение на договорите со американската влада, туку и со други европски или арапски земји кои се дел од коалицијата против IS.
На пазарот на воени авиони, конфликтот би требало да овозможи развој на пазарот за летала за снадбување или беспилотните летала кој во моментот ги изведуваат клучните мисии над Ирак и Сирија.
Приватните компании за сигурност кои профитираа со американската окупација во Ирак и Афганистан во последните неколку години, се оптимистични.Сегашните конфликти би требало да ги однесе до нови договори за поддршка на ирачките единици.
Ако Пентагон пред година дена се подготвуваше на големи буџетски намалувања, со оглед на завршетокот на конфликтот во Ирак и Афганистан, кампањата против IS и тензиите на настанатата криза во Украина брзо ја променија перцепцијата во Вашингтон и на Wall Street.
.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа