"Мојот син нема ни гроб за да го посетиме" - потресна исповед на семејство

Олгица и Јован Томиќ од Србија се скршени од болка, бидејќи како што велат го загубиле синот единец, а сега тој нема ни гроб за да одат и да го посетат кога веќе ништо друго не им преостанува. Како што пренесува српскиот Ало, тие веќе повеќе од еден месец чекаат да ги добијат посмртните останки од нивниот син, кој се удави на 26 август.

По телото на настраданиот се трагаше со недели. 42-годишниот Милош откако беше пронајден, беше закопан како непознао лице. 

- Ни полицијата ни никој ништо не кажа за мојот син единец. Откако началникот сврте неколку броеви му јавија дека е пронајден. Поголем шок беше кога дознавме дека веќе е закопан како лице на кое не му се знае идентитетот, вели мајката скршена од болка. 

Таа вели дека очекувала дека ќе ја викнат да потврди дали е тоа телото на нејзиниот син. Сепак, полицијата прво и го дала мобилниот на синот кој го препознала, а потоа и рекле дека ќе биде страшно но мора да види неколку фотографии. Несреќната Олгица веднаш го препознала Милош.

12.10.2014 - 11:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега