Падна авион кај Нови Сад, две лица загинаа

 

Пилотот Тома Ѓорѓевиќ и еден негов сопатник загинаа денеска околу 13 часот кога спортскиот авион во кој се наоѓале се срушил во поле со пченка кај Бачки Јарак, во близина на Нови Сад, Србија.

Авионот е во сопственост на ДТД Рибарство, и бил нов SkyLeader 600, кој учествувал на церемонијата на отварањето на новиот аеродром во Ченеј.

Сведоците од местото на несреќата раскажуваат за можна грешка на пилотот при обидот за слетување.

 

Увидот е во тек.

11.10.2014 - 14:18


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега