Секој втор Босанец има психички проблеми

 

Секој втор граѓанин на Босна и Херцеговина има психички проблеми, изјави потпретседателот на Здружението на психијатри во земјата Абдула Кучукалиќ за „Независне новине“, по повод Светскиот ден на психичкото здравје.

Базирајќи ја својата оценка на долгогодишните клинички испитувања, тој истакна дека бројот на ментални нарушувања се намалил особено во споредба со годините непосредно по војната во Босна, а најголемиот непријател на психичкото здравје во моментот е стресот. 

- Можам да кажам дека најголемиот виновник е нашето општество, кое не може да постигне политичка согласност и економски развој и да создаде можност за работа, истакна Кучукалиќ.

Во БиХ исто така е зголемена употребата на антидепресиви и седативи, што се гледа од официјалните податоци на фондот за здравствено осигурување. 

10.10.2014 - 15:43


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега