Слабејте здраво - хроно исхраната ги топи килограмите и подмладува

Праксата покажува дека многу често се случува диетите да ги спроведуваат недоволно образовани лекари и приучени лаици. Програмот за хроно исхрана – др. Гифинг, ексклузивно за прв пат во Македонија ќе се спроведува во Центарот за внатрешни болести ,,Срце” во Скопје, во кој ќе бидат ангажирани високо специјализирани стручни кадри, лекари – специјалисти и нутриционисти, како и примена на врвна технологија.

Програмaтa на хроно исхрана овозможува за кратко време, да се научат принципите на здрава исхрана, правилен избор на намирници кои можат да се применат во секоја прилика, а од особено значење е тоа што оние кои се заболени од најчестите современи болести на метаболизмот, во рок од 10-30 дена можат да ги намалат вредностите на холестеролот, триглицеридите и шеќерот. Резултатите покажуваат 100% успех кај сите оние кои успеале да ги совладаат основите на физиолошки процеси.

Во рамките на центарот за внатрешни болести ,,Срце” во Скопје се извршуваат сите неопходни дијагностички процедури со цел да се утврди постоечката здравствена состојба, а потоа повеќе месеци се следи постигнатиот успех.  Првата фаза рестриктивен режим кој трае 28 дена, подразбира неконзумирање на брзи шеќери во облик на слатки, овошjе, бел/жолт шеќер, вештачки засладувачи итн., како и на алкохолни пијалоци кои содржат висока концентрација на алкохол, тврди пијалоци. Доколку кај некој пациент се најде одредена интолеранција на некоја храна, во траење од 3-6 месеци се спроведува детоксикација од таа храна, а по спроведување на истата полека, постапно се враќа таа намирница во исхраната. Програмот на хроно исхрана подразбира конзумирање на храна во одредено време од денот, три пати дневно со растојание од 4-6 саати помеѓу оброк. Може да го користат луѓе од сите воздрасти, а особено програмот е погоден за деца, трудници, оние кои се здрави и немаат здравствени проблеми. Луѓето кои страдаат од современите болести на метаболизмот. 

Во Центарот за внатрешни болести ,,Срце”, во Скопје, или на еден од нивните телефони (02) 3217016 и 3217018, како и на мејлот [email protected] или веб сајтwww.srce.com.mk може да се обратите за совет, консултација или да закажете разговор.

Извор: Вистина

10.10.2014 - 13:10


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега