Салата од цвекло
- 1 кг. цвекло
- 2 главици црвен кромид
- маслиново масло
- сол и бибер
- 2-3 лажици оцет балсамико
- 1 лажичка сенф
- свеж магдонос и босилек
Загрејте ја рерната на 220 степени. Излупете го цвеклото, исечете го на коцки, зачинете го со маслиново масло, сол и бибер и замотајте го во алуминиумска фолија. Печете го цвеклото во плех во загреаната рерна 1 час. По еден час отворете ја фолијата и со вилушка проверете дали е меко. По потреба продолжете со печење уште 10-15 минути.
Во длабок сад измашајте го цвеклото со ситно сецкан кромид. Зачинете ја салатата со оцет балсамико, сенф и свеж магдонос. Додадете сол и бибер по вкус и декорирајте со ливчиња босилек.
10.10.2014 - 12:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа